Ристовска и ЦСКА Москва лесно се справија со Будуќност

Екипата на ЦСКА Москва каде што настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска забележа нова победа во Лигата на шампионите откако на домашен терен ја совлада екипата на Будуќност со 27:23.

Предноста од два гола 12:10 што ја имаше ЦСКА Москва на полувреме  ја стекнаа во самиот финиш на првиот дел. Претежно се играше изедначено, со грешки во нападите на двете страни и добри одбрани на голманките.

Почетокот на второто полувреме беше клучен за победникот на овој натпревар, после само десет минути игра ЦСКА имаше пет предност, 18:13 што беше доволно за конечна победа. До крајот на дуелот рускиот тим имаше и осум разлика, а Будуќност беше немоќен да избегне пораз.

Сара Ристовска и на овој натпревар беше во составот на ЦСКА Москва и постигна еден погодок, додека најефикасна беше Ведекина со пет гола. За екипата на Будуќност, Јованка Радичевиќ и Мајда Мехмедовиќ постигнаа по пет гола.