Ризоска незапирлива, постигна 15 гола и сама го победи Кузман Вардар

Новиот член во Супер женската лига, Феникс дојде до првата победа откако на свој терен триумфираше против составот на Кузман Вардар со 33:22 во рамките од Групата А.

Екипата на Кузман Вардар во Битола допатува без неколку стандардни ракометарки, а тоа беше дополнителна причина избраничките на Николче Костовски да бидат подобри во денешниот дуел.

Кузман Вардар резултатски се одржуваше во игра до првата половина од првиот дел, а потоа почна серијата на голови од страна на домаќинките. Водството од 5:1 беше јасен знак дека гостинките од Скопје ги очекува тешка задача на овој натпревар.

Корлевска, Талева и Ризоска беа ракометарките кои доминираа во играта на Феникс. На спротивната страна, краткиот ростер на Александра Кузмановска се обидуваше да фати приклучок, но нивните напади беа без успех. На полувреме, Феникс замина со предност од 16:10.

Во второто полувреме на моменти се подобри играта на Кузман Вардар. Со серија од 4:0, ракометарките на Кузман Вардар намалија на 18:15 најавувајќи ги интересни последните дваесетина минути. Феникс со четирите гола на Ризоска од контра се одлепи на 25:17, тоа беше доволно за освојување на првите бодови во новата сезона. Битолчанки до самиот крај го зголемија водството за конечни 11 гола разлика, 33:22.

Најефикасна на натпреварот беше репрезентативката на Македонија и членка на Феникс, Емилијана Ризоска која постигна 15 гола. На спротивната страна, Анастасија Ѓорѓиева беше прв стрелец со девет гола.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023