Ризницата се уште се полни: Лазаров собра 56 трофеи во кариерата!

Освоениот Лига Куп на Франција е втор трофеј на Кирил Лазаров во земјата на актуелниот олимписки победник, по трофејот од Суперкупот во 2017 година.

Овој трофеј е 56. во кариерата на Лазаров и уште еден показател за неговиот победнички менталитет и долготрајност.

Македонскиот капитен и селектор, освен во нашата земја, освојуваше титули и во Хрватска, Унгарија, Шпанија, како и во ЛШ и на Супер Глоуб.

Сите трофеи на Кирил Лазаров во кариерата:

Освојувач на Лигата на шампионите:
1 (со Барселона)

Освојувач на Супер глоуб:
3 (1 со Атлетико Мадрид и 2 со Барселона)

Национален првак:
18 (2 со Пелистер, 7 со Загреб, 5 со Веспрем, 4 со Барселона)

Освојувач на националниот Куп:
19 (2 со Пелистер, 5 со Загреб, 5 со Веспрем, 3 со Атлетико Мадрид, 4 со Барселона)

Освојувач на АСОБАЛ Купот:
5 (1 со Атлетико Мадрид и 4 со Барселона)

Освојувач на АСОБАЛ Суперкупот:
6 (2 со Атлетико Мадрид и 4 со Барселона)

Освојувач на Каталонскиот Суперкуп:
2 (со Барселона)

Освојувач на Суперкуп на Франција
1 (со Нант)

Лига Куп на Франција:
1 (со Нант)