Ривал на Еурофарм Пелистер од ЛШ на шопинг во Бундес лигата

Најбогатиот европски клуб ПСЖ денес го промовираше новото засилување за новата натпреварувачка сезона.

Во тимот на Раул Гонзалес пристигнува искусниот репрезентативец на Данска, Јакоб Холм.

Средниот бек, кој интернационалната кариера ја градеше во Фуксе Берлин и во Бундес лигата мина пет сезони, реши да ја прифати понудата од „светците“ и во ПСЖ ќе остане најмалку три сезони.

Данецот во тимот на ПСЖ ќе настапува со неговиот сонародник, голманот Јаник Грин, кој исто така има играно во Бундес лигата.

ПСЖ претходно го ангажираше Кент Робин Тонесен од ПИК Сегед и Рубин Марчан од Нант. Клубот го напуштија Петар Ненадиќ, Даинис Кристопанс и Хенрик Тофт Хансен.

Францускиот шампион е еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во рамки од групната фаза во Лигата на шампионите.