Ривалот се повлече среде натпревар, Кастриоти и Станковски ќе запишат победа

Екипата на Кастриоти Феризај која е предводен од македонскиот тренер Аце Станковски не го дочека крајот на мечот против екипата на Лапи во рамки на 17. коло од првата лига на Косово.

Натпреварот заврши во 53. минута, откако гостите незадоволни од арбитражата решија да се повлечат од продолжението на натпреварот. Во тие моменти екипата на Кастриоти имаше водство од три гола, 27-24.

Ракометната федерација на Косово одлучи да остане резултатот 27-24 и трите бода заминаа кај домаќините. Со оваа победа екипата на Кастриоти се зацврсти на 5. позиција и се во игра за Плеј-оф.

Кастриоти оваа зима покрај аквизацијата на Аце Станковски го засили и играчкиот кадар. Во Феризај дојдоа голманот Мартин Божиновски и најдобриот прволигашки стрелец Адис Салиу, а потпишаа и Црногорецот Мекиќ кој настапуваше во Струга и Јуниор Кисела Вода, како и Бразилецот Да Силва.