Ривалот на Ѓер и ФТЦ се засили со ракометарки од Црна Гора и Србија

Унгарскиот Мошонмаѓаровар за следната сезона ангажираше две нови ракометарки. Станува збор за ракометарката од Црна Гора, Тања Ашанин и репрезентативката на Србија, Ана Којиќ.

Ашанин во унгарската екипа ќе се пресели од српскиот шампион Јагодина. Црногорката потекнува од школата на Бјело Поле, а пред да замине за Јагодина краток период го носеше дресот на црногорскиот шампион Будуќност.

Којиќ последните две сезони ги помина во Крим Меркатор, со исклучок на пролетниот дел од оваа сезона каде од Крим беше на позајмица во турскиот Кастамону. Со екипата на Кастамону, Којиќ го освои шампионатот во Турција.

Екипата на Мошонмаѓаровар сезоната во унгарското првенство ја заврши на третото место, веднаш зад ФТЦ и Ѓер. Во клубот треба да пристигнат уште осум нови ракометарки, а скоро сите ќе бидат од домашни клубови.