Ривалот на Металург се засили со десен бек од Бразил

Противникот на Металург во рамки од второто коло од Европскиот Куп, грчкиот шампион ПАОК, пред почетокот на новата сезона, во која ќе влезе со амбиции за одбрана на дуплата круна, започна со комплетирањето на тимот.

Раководството на клубот успеа да ја засили десната бековска позиција со ракометарка од Бразил. Станува збор за искусната Бруна Диас, која со екипата од Солун се договори на едногодишна соработка.

Бразилката во минатата сезона настапуваше во српскиот шампионат, играше за суперлигаш Врбас и во клубот од Србија имаше одлични настапи, кои и донесоа трансфер во амбициозниот тим на ПАОК.

Диас најголемиот дел од својата кариера го мина во својата татковина, а неколку сезони настапуваше и во Португалија.

Првите натпревари од второто коло во Европскиот Куп ќе се играат на 8/9 октомври, додека реваншите се на 15/16 октомври.