Ривалот на Вардар се засилува, но од следното лето

Голманот од Данска, кој го брани голот на екипата на Барселона, Кевин Мелер планира на крајот од оваа сезона да го напушти тимот од Каталонија и да се врати назад во Германија.

Мелер ќе се врати во редовите на Флензбург каде што играше пред да пристигне во Барселона во 2018 година. Според информациите тој треба да го замени Норвежанецот Тобијас Бергеруд кој си заминува.

Во моментов за Флензбург бранат Бењамин Буриќ и Тобијас Бергеруд, но Норвежанецот го загуби местото во трката со Босанецот, па оттаму во потрага по минутажа заминува во друга средина.

Инаку, Флензбург е следниот противник на Вардар во Лигата на шампионите. Треба да гостува во Скопје следниот четврток. Натпреварот почнува од 20:45 часот.