Рибера повика засилување: Шпанија посилна за Сармиенто на пат кон полуфинале

Репрезентацијата на Шпанија за последните два натпревари од главната фаза ќе има засилување на позицијата среден бек во искусниот играч Даниел Сармиенто и член на составите кои победуваа на претходните две европски првенства.

Тој вечерва ќе пристигне во Братислава и ќе биде на располагање за натпреварите на Шпанија против Норвешка (недела) и Полска (вторник)во рамките од втората група.

Поради отсуствата на Жоан Кањелас и Јан Тарафета, кои се позитивни на коронавирус, селекторот Рибера мораше да најде алтернативна замена за клучните натпревари на неговата репрезентација.

Шпанија во првиот натпревар од главната фаза лесно ја мина Германија, триумфираше со убедливи 29:23. Актуелниот европски шампион денеска за противник ја има селекцијата на Русија, а досега има максимален број на бодови така што оди сигурно кон ново полуфинале на ЕП.