Репризна „скандинавка“ од Мундијалот како загревање за ОИ

Финалистите на последното Светско првенство кое се одржа во јануари во Египет, Данска и Шведска одиграа подготвителен пријателски натпревар во пресрет на Олимписките игри во Токио кој го доби Данска со 31:30.

Првото полувреме им припадна на ракометарите на Глен Солберг, Шведска го контролираше резултатот и постојано беше во водство. На полувреме Швеѓаните водеа 15:13.

Данска беше во негатива се до 50. минута од натпреварот кога усепа да израмни, а веднаш потоа и да го презме водството. Во следните пет-шест минути Данска поведе и со три гола што беше доволно да стигне до победата.

Данска и Шведска ќе играат заедно во групната фаза на Олимпијадата во Токио во рамки на групата Б заедно со Португалија, Јапонија, Египет и Бахреин.