Рекордот остана недопрен: Лазаров и понатаму е крал на стрелците на Ф4!

Македонскиот репрезентативец Кире Лазаров останува најдобар стрелец во историјата на сите завршни турнири во Лигата на шампионите. Легендарниот десен бек има постигнато 65 погодоци на 12 меча за трите екипи (Сиудад Реал односно Атлетико Мадрид, Барселона и Нант).

Најблиску до него на листата од активните ракометари беа дел од Ф4 се Арон Палмарсон и Микел Хансен.

Исланѓанецот досега на 16 средби имаше дадено 52 гола, а на овие две постигна седум (шест против ПСЖ и еден против Кил) за вкупно 59 на 18 меча.

Данскиот репрезентативец, досега на 10 одиграни натпревари имаше постигнато 48 погодоци, а на овие два меча даде 12 (седум против Барса и пет против Веспрем), па сега има 60 голови на 12 одиграни меча.

Па така, Лазаров е прв на листата со 65, Хансен е втор со 60, додека Палмарсон е трет со 59. На чевртото место остана Момир Илиќ со 58, а Филип Јиха е петти со 56 погодоци.