Рајн Некар со нов капитен во новата сезона

Поранешниот клуб на Филип Талески, Рајн Некар во новата сезона ќе влезе со нов капитен на теренот. Веќе е објавено од страна на тренерот Мартин Швалб дека во новата сезона на теренот лидер ќе биде еден од најискусните, левото крило Уве Генсхајмер.

Ова практично значи враќање на капитенската лента кај ракометарот кој и порано ја имаше пред да замине во ПСЖ во 2016 година. Сега лентата е одново кај него, а со тоа и одговорноста така што ова ќе биде нова сезона во која може да ги предводи колегите на теренот.

Како негов заменик е одреден еден од најдобрите играчи во Бундес лигата, Енди Шмид. Швајцарецот во последните сезони игра неверојатно.

„Капитенот на тимот е моја втора рака на теренот или надвор од него. Тоа е и причината за донесувањето на оваа одлука. Намерно го одбрав Генсхајмер бидејќи полето за дејствување на голманот е ограничено. Уве е една од најголемите личности во германскиот ракомет. Тој е дете на Рајн Некар и не постои некој кој подобро го познава клубот од него“, вели тренерот на рајн Некар, Мартин Швалб.

Рајн Некар во последните три години не може да парира на Флензбург и Кил, па по двете титули три години не успева да се доближи до тронот.