Рајн Некар се засили со десен бек од Гепинген

Според „Handball Leaks“,еден од најдобрите ракометари во Гепинген, десниот бек Јон Андерсен од следната сезона ќе настапува во екипата на Рајн Некар.

Данецот, кој настапува на позицијата десен бек, од 2021 година го носи дресот на Гепинген, а во бундеслигашот пристигна од редовите на Сондерјиске.

25-годишниот ракометар во досегашниот тек од неговиот престој во Гепинген има одиграни 43 натпревари во Бундес лигата и постигнато 130 голови.

Во својата кариера освен за Сондерјиске настапуваше и за екипите на Алборг и ГОГ. Со Гепинген имаше потпишано договор на две сезони, со можност за продолжување на соработката.

Од раководството на Рајн Некар сѐ уште ја немаат потврдено информацијата за новиот ракометар во своите редови.