Рајн Некар пријави уште две повреди пред Вардар

Ривалот на Вардар во квалификациите од Лигата на Европа, Рајн Некар, соопшти дека двајца ракометари заработиле повреда во текот на подготвителниот период.

Станува збор за двајцата интернационалци од Шведска, искусниот голман Микаел Апелгрен и левиот бек Оле Форсел.

Голманот Апелгрен се здобил со повреда на раката, додека неговиот сонародник Оле Форсел доживеал повреда на коленото.

Бундеслигашот информираше дека Апелгрен ќе отпатува на тренинг кампот во Австрија, но таму ќе ги прескокне тренинзите.

Левиот бек Форсел ќе мора да паузира одреден временски период и не се знае дали ќе биде во комбинација за дуелите со „црвено-црните“.

Против Вардар нема да настапи легендарното лево крило Уве Генсхајмер. Искусниот ракометар кон средината на јуни имаше операција на коленото по повредата и го очекува долг процес на рехабилитација.

Првиот дуел меѓу Рајн Некар и Вардар се игра на 26 август во Скопје, а реванш средбата на 3 септевмври во Хајделберг.

Генсхајмер го пропушта Вардар!