Рајн Некар одигра втор тест пред Вардар – „лавовите“ постигнаа 44 гола!

Тимот на Рајн Некар викендов настапува на турнирот „С-Куп 2023“ и на првиот натпревар забележа убедлива победа.

По триумфот минатиот викенд над нисколигашот Валцбахтал со 62-16, „лавовите“ совладаа уште еден нисколигаш – Опенвајлер со 44-29.

Ова беше четвртфинален натпревар на „С-Куп 2023“, а во полуфиналето Рајн Некар ќе има посериозен ривал, тимот на Балинген.

Меѓу најдобрите стрелци беа Море, Закаријас и новото засилување Давидсон со по шест гола, Колбахер даде четири, Кнор беше стрелец на три, а Јагањац постигна два.

Бундеслигашкиот тим е ривал на Вардар во квалификациското коло за Лигата на Европа. Првиот меч ќе се игра на 26 август од 19:00 во Скопје, а вториот на 3 септември во Хајделберг.