Рајн Некар на шопинг на Балканот

Еден од најперспективните ракометари, Кристијан Хоржен и официјално беше промовиран како нов член на Рајн Некар и се очекува во екипата од Манхајм да се приклучи во наредните денови.

Иако се очекуваше Хоржен од Целје да се пресели во Рајн Некар следното лето, сепак двете екипи постигнаа договор, младиот ракометар за соодветна оштета да се приклучи во бундеслигашот во наредниот период.

Хоржен ќе има можност своите квалитети да ги прикажува низ настапите во Бундес лигата.

Од 2018 година настапуваше за Целје и стекна големо искуство во Лигата на шампионите каде добиваше доволно минутажа во словенечкиот тим. 21-годишниот ракометар својот деби настап за Рајн Некар ќе го има на 9 септември со гостувањето кај Хановер.