Раул и ПСЖ најдоа лек за Порто, со пресврт стигнаа до бодови

Екипата на ПСЖ се избори за победа од 34:31 против Порто откако во добар дел од средбата се наоѓаше во негатива.

Составот на ПСЖ успеа да направи пресврт во второто полувреме откако во првиот дел долго ја бараше играта за да дојде до бодови.

Порто од стартот на натпреварот наметна своја игра. Лесно наоѓаше пат до голот на гостите кои никако не можеа да се снајдат односно да дојдат до позитивен резултат. Највисоката предност беше при 12:6, а потоа во следниот период ПСЖ намали, па на одмор домашните имаа 16:12.

Десетина минути игра во второто полувреме беа доволни за да се види како ќе течат работите во продолжението од средбата. Гостите почнаа да го креваат нивото на игра односно да наоѓаат противигра за Порто и да се враќаат во мечот. Откако израмнија на 20:20 ја презедоа контролата и лесно успеаја да се изборат за предност.

До крајот стигнаа до највисоки четири гола разлика кои им беа доволни за да имаат контрола на натпреварот така што без поголеми проблеми се изборија за триумф на овој дуел после кој од пет одиграни средби имаат две победи и три порази.

Денеска, Никола Митревски остана на клупата на Порто речиси во текот на целата средба. Имаше само краток период на голот и два упатени удари кон него додека бранеше. Инаку, во другиот дел од натпреварот на голот беше Португалецот Алфредо Кинтана кој заврши со десет интервенции.

Најефикасен во победата на ПСЖ беше Микел Хансен со девет гола, додека шест имаше Лука Карабатиќ. Во Порто по четирипати прецизни беа Силва да Боргес и Бранкињо.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140