Раул Алонсо: Вардар ги казни сите наши грешки, заслужено победи

Тренерот на гостите, Раул Алонсо после натпреварот немаше многу избор освен да признае дека ракометарите на Вардар биле подобри и дека заслужено успеале да стигнат до бодовите на овој натпревар.

„Му честитам на Вардар за заслужената победата. Ова беше тврд и тежок натпревар за нас. Имавме проблеми бидејќи Шумак не можеше да игра на овој натпревар и без него се виде дека имаме проблеми во одбраната. Со Акабре се обидовме да надоместиме, но заработи црвен картон. Имавме и многу исклучувања. Вардар ги казни сите наши грешки и во првото и во второто полувреме. Особено тоа се виде во второто кога лошо почнавме. Сепак, се обидовме да се вратиме и потрошивме многу енергија. Имаме многу повредени играчи и не можевме да направиме ништо на овој дуел“, изјави Алонсо, кој со поголемиот дел од играчите си заминува за Белорусија, а неговиот колега од вториот состав ќе го предводи тимот кој во вторник ќе игра против Еурофарм Работник во СЕХА-лигата.