Ракометен срам во Србија: Голема казна за тренерот што „дивеел“ на Медитеранските игри (ВИДЕО)

Селекторот на Србија, кој ги предводеше ракометарите кои се дел од кадетската репрезентација на Медитеранските игри во Атина, Ѓорѓе Теодоровиќ заработи голема казна. Поради неговото дивеење после дуелот за 3. место на кој Србија загуби од Хрватска со 22:23.

Теодоровиќ ги нападнал судијките после натпреварот и жестоко протестирал на нивната абритража. Покрај тоа го оттурнал и делегатот кој се обидел да ги заштити судијките.

Поради недозволивото однесување од страна на раководството на Медитеранскиот комитет му е доделена казна со забрана за учество на игрите во рок од три години. Сепак, ова нема да биде единствената казна.

Раководството на Ракометниот сојуз на Србија поведе дисциплинска постапка и сигурно е дека ќе има уште барем една казна за него, а голема е веројатноста повеќе никогаш да не може да води репрезентација на Србија.

Што се случувало во Атина после дуелот меѓу Србија и Хрватска можете да погледнете и во видеото во продолжение.