Ракомет пред фудбал, рагби, ватерполо – со играње се согоруваат најмногу калории

Познато е дека спортот е исклучително добар за согорување на калориите и секоја активност има карактеристична тежина и согорува различен број на калории.

Според студијата на францускиот „Лекип“, од тимските спортови ракометот е најголем согорувач на калории. На оваа ранг листа ракометот е убедливо на првата позиција пред остнатите спортови.

Играњето ракомет согорува од 800 до 920 калории на час, а на втората позиција е ватерполото со значително заостанување каде што се трошат од 600 до 800 калории на час. На третото место е рагбито кое согорува од 650 до 715 калории на час.

Најпопуларниот спорт фудбал изненадувачки го зазема само шестото место на оваа ранг листа и се согоруваат од 400 до 600 калории на час. Со ова уште еднаш се потврдува дека ракометот е еден од најтешките спортови и е потребна максимална физичка подготвеност.