Ракометот е втор најпопуларен екипен спорт во Германија

Од ден во ден сè поголема е популарноста на ракометот во светот, а тоа придонесува и сè повеќе луѓе да бидат ангажирани во спортот.

Според последната студија спроведена кон крајот на 2019 година, 750 илјади жители на Германија се регистрирани и играат во германските ракометни клубови.

На прво место во спортски активности се фитнес центрите што не е изненадувачки. Тие се посетени од повеќе од 11 милиони аматери и професионалци. Во екипните спортови доминира фудбалот со 7,31 милиони Германци ангажирани во него.

Ракометот се разбира е значително зад фудбалот, но во споредба со останатите спортови е многу попопуларен.