Ракометните натпревари на Олимпијада без публика!

Организаторите на Олимписките игри во јапонскиот град Токио, најавија дека само дел од натпреварите ќе се играат со присуство на гледачи.

Станува збор за дуелите во машки и женски фудбал, каде што ќе може максимум да бидат присутни до 10.000 гледачи, а публиката ќе има шанси да ги следи и велосипедските трки.

Ова значи дека наптреварите од машкиот и женскиот ракометен турнир, кои се на програмата во „Јојоги Арената“ ќе се играат без публиката.

Ракометните двобои започнуваат на 24 јули со машкиот турнир, а ќе се играат секој ден до 8 август, кога на програмата е женското финале.