Ракометниот свет се простува од „Џамбо“ (ФОТО)

Трагична вест ја потресе македонската јавност утрово. Во Охрид беше пронајден мртов македонскиот голман Никола Даниловски.

Последен поздрав за поранешниот соиграч и пријател на социјалните мрежи упатија голем број на ракометни работници, клубови, ракометари, ракометарки…

24-годишниот Даниловски потекнува од школата на Металург. Со македонската младинска репрезентација го оствари најголемиот успех, шест место на Светското младинско првенство во Алжир.

Во својата кратка кариера настапуваше за Металург и Пелистер, пред да се пресели во Охрид. Поради трагичниот настан е одложено цело 13 коло од Суперлигата.