Ракометниот господар Лазаров 17-ти пат ќе игра во четвртфиналето на ЛШ

Натпреварот меѓу полскиот Келце и Нант беше 250-ти натпревар за македонскиот ас Кире Лазаров во Лигата на шампионите и тој стана рекордер по бројот на настапи во елитното натпреварување.

Францускиот тим направи сензација со триумфот 31-34, го елиминираше полскиот шампион и обезбеди место во четвртфиналето на ЛШ.

Лазаров игра од 1995 година во елитата, а четвртфиналето (најверојатно) против Веспрем ќе биде негово 17-то во оваа конкуренција.

Покрај овие рекорди, Лазаров уште долго време ќе остане прв стрелец во Лигата на шампионите со постигнати 1467 погодоци.