Ракометна поддршка за фудбалерите: Мукаетов, Велковски, Стоилов…навиваат во Букурешт (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија го игра првиот натпревар на Европското првенство.

Ривал е Австрија, а мечот се игра во романската престолнина Букурешт на „Национална Арена“ и по првото полувреме е 1:1.

Повеќе од 5.000 македонски навивачи се на трибините на најголемиот стадион во Романија, а меѓу нив има и ракометари и ракометни работници.

Претседтелот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, потоа капитенот на Вардар, Столе Стоилов, па репрезентативецот Мартин Велковски…навиваат за Македонија во Букурешт.