Ракометар на Фленсбург станува млад пензионер

За левото крило на Фленсбург и норвешката репрезентација, Магнус Јондал, оваа сезона ќе биде последна во кариерата.

32-Годишниот член на бундеслигашот, реши да стави точка на кариерата многу порано отколку што тоа го прават повеќе ракометари.

Јондал е дел од норвешката генерација која од 2016 година и ЕП во Полска, па наваму секогаш игра на завршните викенди од големите натпреварувања.

Левото крило освои две светски сребра и едно европско сребро. Јондал ја игра третата сезона во германскиот Фленсбург, а претходно настапуваше за данскиот ГОГ Гудме.

Неговата замена во ривалот на Вардар би требало да дојде исто така од данскиот тим, Емил Јакобсен, но овој трансфер се уште не е потврден.