Ракометарот што го постигна најубавиот гол во ЛШ во 2015 година потпиша за босански клуб

Поранешниот босански репрезентативец Душко Челица, потпиша договор на три години со екипата на Вогошча.

Авторот на најубавиот гол во Лигата на шампионите во 2015 година, реши да ја заврши интернационалнат кариера и да се врати на татковината.

Челица потекнува од Козара, а играше за Копер, Марибор, Босна Сараево, катарскиот Ал Џаиш, Ал Шабаб од Дубаи, француските Сесон и Селеста, германскиот Ајзенах, романската Констанца, српската Војводина, и последно во израелскиот Хапоел Тел Авив.

Врвот на кариерата левиот бек го имаше во хрватскиот првак Загреб, за кој го постигна најубавиот гол во ЛШ пред пет години во последната секунда.