Ракометарките на Стружанка се шампионки во кадетската лига

Ракометарките на Стружанка славеа во финалето од кадетската лига против Деспина со 18:16 и ја освоија титулата.

Екипата од Струга имаше подобро издание во првото полувреме, беше постојано во водство и го контролираше резултатот. После првото полувреме Стружанка имаше предност од 8:6.

На почетокот Деспина стигна до израмнување на 8:8, но потоа следуваше нов добар период на Стружанка и водство од 13:9. Екипата од Прилеп не се предаде и уште еднаш се врати и израмни со серија од четири гола.

Во неизвесната завршница подобро се снајдоа ракометарките на Стружанка и стигнаа до победата која значеше титула. Во дуелот за трето место Вардар славеше против Металург со 21:15.