Ракометарките на Ростов Дон доброволно се откажуваат од дел од платите

Кризата која го зафати светот со коронавирусот продолжува да ги крати платите на играчите. Сепак ракометарките на рускиот шампион Ростов Дон одлучија да се откажат од своите плати за да му помогнат на својот тим.

Во меѓувреме екипата породлжува да работи во домашни услови, ракометарките тренираат самостојно според програмата која е подготвена од тренерите во клубот.

„Тоа беше заедничка одлука на сите наши ракометарки. Сакаме да го поддржиме нашиот клуб во тешки моменти. Сакам да им порачам на нашите фанови: водете сметка за себе и вашите најблиски, почитувајте ги сите неопходни мерки на претпазливост – заедно ќе победиме! – рече капитенот Јулија Манагарова за официјалната веб страна на Ростов-Дон.

Ростов Дон е водечки во шампионатот на Русија, а конкуренти за првата позиција им се Лада и ЦСКА Москва. Во Лигата на шампиони им претстои борба во четвртфиналето за пласман на завршниот турнир.