Ракометари или роботи – ќе одиграат пет натпревари во три конкуренции за 11 дена!

Ракометарите на Татран Прешов од 18 март, па се до 2 април, ќе одиграат дури пет натпревари во три конкуренциии.

Татран Прешов на 18 март ќе се соочи со екипата на Бистрица во рамки од финалето во Купот на Словачка и сосема е за очекување дека избраниците на Марек Гернат ќе го освојат Куп трофејот.

Три дена подоцна, односно на 21 март, екипата на Татран Прешов на свој терен ќе го пречека Партизан Белград во натпревар од регионалната СЕХА лига. Татран Прешов во регионалното натпреварување ги има одиграно само двата дуели против македонскиот шампион Вардар.

Екипата на Гернат на 25 март ќе игра против Тополчани во четвртфиналето од плеј-оф фазата од домашниот шампионат, додека на 27 март во Белград ќе го одигра реванш дуелот против Партизан од регионалната СЕХА лига.

Словачкиот шампион на 29 март го очекува уште еден реванш дуел, овој пат против Тополчани од четвртфиналето во домашниот шампионат и во случај доколку една од двете екипи не ги добие двата натпревари, тогаш на 2 април ќе се игра „мајсторка“ за пласман во полуфиналето од најквалитетното натпреварување во Словачка.