Ракометарите комплетни тренираат – Скопје, Пореч, Скопје, па правец Краков

Македонската машка репрезентација од вчера одново е на тренинг како дел од подготовките за Светското првенство.

Нашата селекција е комплетна со Никола Митревски и Филип Кузмановски, па селекторот Кире Лазаров може да биде мирен во поглед на ростерот.

Сениорите утре ги чека ревијалниот натпревар против ветераните во СЦ „Борис Трајковски“, а на 4 јануари заминуваат за Пореч, каде ќе бидат дел од „Кроација Куп“.

Таму на 6 и 7 ќе се одиграат пријателски натпревари против Хрватска и Израел, по што следува пат за Скопје.

Во главниот град следуваат уште три дена тренинзи пред патувањето за Краков на 11 јануари, а таму ќе имаме три големи предизвици – Норвешка, Аргентина и Холандија.