Ракометарите и ракометарките пристигнаа во Оран, ќе имаат една недела за адаптација

Машката и женската репрезентација на Македонија синоќа пристигнаа во Оран, каде што ќе се играат Медитеранските игри.

Македонската делегација, во која беа и ракометните селекции патуваше со чартер лет до алжирскиот град, а избраниците на Лазаров и избраничките на Савевски до стартот на турнирот ќе имаат една недела за адаптација на условите.

Ракометарите се наоѓаат во групата Б со јужниот сосед, Турција, Шпанија и домаќинот Алжир, а првиот меч го имаат на 28 јуни против јужниот сосед, додека ракометарките се во групата Б со Србија, Турција и Португалија, а тие првиот меч ќе го одиграат на 30 јуни против Турција.

Покрај ракометарите и ракометарките, Македонија ќе има и судиски пар на Медитеранските игри – браќата Михајло и Методија Илиевски.