Радовиш со ново засилување – потпиша лев бек од Србија

Тимот на Радовиш ги засилува своите редови пред стартот на плеј-аут натпревари, кои се очекува да бидат многу интересни. По Милош Лојаничиќ, кој игра на десната бековска позиција и пикерот од Либан, Али Кобеиси, во тимот на Љупче Мијалов дојде и трет странец.

Станува збор за левиот бек од Србија, Петар Ачимовиќ, кој има 27 години и доаѓа од грчкиот шампионат. Освен на левата бековска, добро се снаоѓа и на левата крилна позиција.

Потекнува од тимот на Пролетер Зрењанин, настапуваше за грчите Арион Птолемаида, Зафиракис Науса, Архелаос Катерини…а следна негова станица ќе биде Радовиш.

Заедно со членот на Охрид, Игор Чагаљ, своевремено беа дел од кадетската репрезнтација на Србија.