Радовиш донесе двометраш и на лев бек

Екипата на Радовиш продолжи да ги засилува своите редови за новата сезона, а покрај тоа што ќе имаат играч висок над 2 метри на десен ќе има исто така висок ракометар и на лев бек.

Нов играч е интернационалецот од Србија, Александар Вујниќ, кој има 24 години.

Тој потекнува од школата на Црвенка, а во својата кариера има настапувано и за тимовите на Пожаревац, Војводина, Југовиќ, Слобода Тузла, Какањ…

Со него се покрива позиција на која е потребен бек шутер, а доаѓа на неколку дена пред стартот на новата сезона.