Радовиш го комплетира тимот – продолжи договори со уште тројца ракометари

Тимот на Радовиш е еден од најактивните македонски клубови што се однесува до формирањето на ростерот за следната сезона.

Стратегот Љупче Мијалов практично ќе може да смета на истиот состав од минатата сезона, бидејќи со најголем дел од ракометарите беше продолжен договорот  на уште една сезона.

Остануваат голманите Тушев и Паунов, бековите Органџиев, Илиев, Везенковски, Спасов, потоа крилата Долдуров и Ѓорѓиев, а најновите на листата кои ги продолжија договорите се левото крило Кристијан Ристов, десното крило Филип Трајанов и левиот бек Здравко Постолов.

Засега единствено ново име е пивотменот Игор Трајковски, кој во Радовиш се сели од тимот на Еурофарм Пелистер 2.