Радовишани со лесни три од гостувањето кај Работнички

Екипата на Радовиш очекувано дојде до победа на гостувањето во Скопје ја Работнички со 38:29 и си обезбеди нови три бода кои ќе бидат вброени во плеј-аут лигата која ќе биде формирана за една недела.

Радовиш беше во предност од почетокот на средбата. Откако само на стартот беше гол за гол следуваше серија на гостите, па брзо направија висока предност која даваше сигурност за продолжението.

После 17:9 на полувреме во вториот дел имаше само одржување на предноста. Радовиш водеше постојано, а во Работнички веќе е добро познато дека Палевски е играчот кој ги води сите работи, па денеска изброи до 17.

Сепак, Палевски не беше доволен за да може да се дојде до повеќе на овој дуел, па радовишани лесно ги однесоа трите бода од овој дуел.

РАБОТНИЧКИ – РАДОВИШ       29:38 (9:17)

Сала: Гим. Кочо Рацин во Скопје. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски во Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

РАБОТНИЧКИ: Трајчевски, Огњановски, С. Кочаров, Михајловиќ 4, Јошевски 1, Фиданов 1, Мишоски, Митовски, Добревски 1, Марковски 2, М. Кочаров, Палевски 17, Апостоловски 1, Николовски 1, Велковски.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 6 мин.

РАДОВИШ: Паунов, Петров, Стојановски 6, Диов, Јованов, Ѓоргиески 2, Долдуров 2, Ѓорѓиев, Постолов 5, Петров, Ј. Ѓорѓиев 2, Спасов 1, Органџиев 5, Ристов 2, Илиев 11, Трајанов 2.

Седмерци: 6/6, Исклучувања: 8 мин.