Работнички со нов тренер ја продолжува борбата за плеј-оф

Прволигашот Работнички, во продолжение од сезоната ќе има нов шеф на стручниот штаб и со него ќе ја продолжи борбата за плеј-офот.

На местото на досегашниот тренер, Никола Димовски, доаѓа Владимир Кочовски, а со него во стручниот штаб останува Ристо Трпчевски.

Екипата на Работнички есенскиот дел од сезоната го заврши на делба на 4. позиција со Јехона. Двете екипи имаат освоено 18 бодови во Групата А. Во плеј-оф фазата од прволигашкото натпреварување ќе се пласираат вкупно 10 екипи, по пет од двете групи.

Од регуларниот дел од натпреварите во Првата лига треба да се одиграат уште по пет кола.

Единствена закана за ракометарите на Работнички е незгодниот состав на Борец од Велес, кој со 12 освоени бодови моментално се наоѓа на шестата позиција во Групата А.