Работнички се засили со искусен кружен напаѓач

По заминувањата на украинските интернационалци Сулима и Полјак, голманите Куртановиќ и Петковски, бекот Гичев, пикерот Илиевски, крилото Игнов, тимот на Работнички конечно има нов ракометар.

Станува збор за искусниот кружен напаѓач Антонио Апостоловски, кој долги години го носеше дресот на суперлигашот Пролет,а во минатите три сезони игра за Македонија Ѓорче Петров.

Апостоловски, кој во прволигашка конкуренција често настапува и на плејмејкерската позиција, ќе треба да му помогне на Работнички да го задржи суперлигашкиот статус. Блиску до останување во тимот е и левото крило Давор Палевски.