ПСЖ останува најбогат клуб во Франција и Европа – погледнете ги буџетите на француските екипи!

Екипата на ПСЖ и понатаму останува најбогатиот клуб во Франција, но и во Европа, иако пред почетокот на сезоната имаше најави дека неговиот буџет ќе се намали за околу пет милиони евра, сепак, „светците“ и во новата натпреварувачка сезона влегоа како најбогати.

„Hand news“ ги објави буџетите на сите клубови, а ПСЖ финансиски доминира во однос на директните ривали за шампионската титула на домашна сцена.

Тимот предводен од поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, во новата сезона има буџет од околу 16,5 милиони евра, со што го прави најбогатиот клуб во Европа, бидејќи бундеслигашот Кил има околу 14 милиони евра буџет, додека според француските медиуми, екипите на Веспрем и Келце немаат поголем буџет од 13 милиони евра.

Зад ПСЖ на второто и третото место во Франција следуваат екипите на Монпелје и Нант, кои имаат буџет од осум милиони евра, а „најсиромашни“ во најквалитетното француско натпреварување се екипите на Иври, Исрт и Селеста, кои имаат буџет од два до три милиони евра. Амбициозниот тим на Екс АН Прованс има поголем буџет од Ним, Лимож, Шамбери…