ПСЖ не му е предизвик – Чави Пасквал во Динамо Букурешт до 2026 година!

Иако француските медиуми минатиот месец пишуваа за можноста Шпанецот Чави Пасквал да се пресели во ѕвездениот ПСЖ, сепак нема ништо од тој трансфер.

Шпанскиот стратег ја продолжи верноста до 2026 година и ќе продолжи да го води романскиот првак и понатаму.

„Динамо е неверојатен клуб. Не бев заинтересиран за шпекулациите што се појавија во медиумите. Го одбрав Динамо бидејќи се чувствувам убаво овде, со менаџментот имаме прекрасен однос. Одлуката беше лесна, имаме одлични фанови и можам да кажам дека и тоа влијаеше на мојата одлука“, вели Пасквал.

Тој го презема Динамо Букурешт од јуни 2021 година, а од август истата година е селектор и на Романија.

Динамо е убедливо прв на табелата во романскиот шампионат со 45 бодови, дури 10 повеќе од втората Констанца, а во ЛШ во групата е на четвртото место со 10 поени и практично обезбедено осминафинале.