ПСЖ го демолира Келце

Ракометарите на ПСЖ одиграа фантастичен натпревар во Лигата на шампионите и му нанесоа тежок пораз на големиот ривал Келце со 37:26.

Само почетните минути беа израмнети, а потоа францускиот тим доминираше до крајот на натпреварот. Од 3:3 следуваше серија од 5:0 на ПСЖ и веќе се навестуваше дебакл на избраниците на Талант Душебаев.

До крајот на првите 30 минути ПСЖ го контролираше натпреварот и постојано го зголемуваше водството. На полувреме беше 19:10 за домашниот тим со што победата речиси беше обезбедена.

И во вториот дел Келце немаше одговор на играта на домаќинот, Французите реализираа од сите позиции и сигурно го водеа дуелот кон победа. ПСЖ во неколку наврати имаше највисока предност од 15 гола, сепак Келце во финишот го ублажи поразот.

Најефикасни во составот на ПСЖ беа Стеинс и Хансен со по шест гола, а Пранди и Нахи постигнаа по пет. Жерар на голот имаше добар натрпевар со 12 интервенции. Во екипата на Келце по пет гола постигаа Алекс Душебаев и Сичко.