Промовирана официјалната топка за Мундијалот во Данска, Норвешка и Шведска

Светската ракометна федерација и јапонската компанија Молтен ја промовираа топката со која ќе се играат натпреварите на Светското првенство во Данска, Норвешка и Шведска.

Топката X5000, која е официјална топка на сите натпревари под капата на ИХФ, во дизајнот ги има националните бои на трите домаќини на Мундијалот.

На Мундијалот македонската репрезентација нема да учествува, откако во бараж дуелот беше елиминирана од Украина.

Од земјите на поранешна Југославија ќе учествуваат Хрватска, Црна Гора, Словенија и Србија.

Светското првенство 2023 ќе започне на 29 ноември и ќе трае до 17 декември.