Промени во 5 до 12: Поместен дуелот Македонија – Турција, нов термин и за двобојот со Шпанија

Продолжува организацискиот хаос на Медитеранските игри во Алжир. Во 5 до 12 има нови поместувања на термините на ракометните натпревари.

Првиот дуел од групната фаза на женските селекции на Македонија и Турција, наместо во 11:00 часот, ќе започне оод 13:00 часот, барем според последните информации.

Нов термин има и за дуелот на машките репрезентации меѓу Македонија и Шпанија. Наместо во првичниот термин од 18:00 часот, овој дуел треба да започне од 17:00 часот.

За женската селекција ова е прв дуел, додека момците го играат третиот на Медитеранските игри.