Пролет се засили со голман – има сериозни амбиции во плеј-офот

Тимот на Пролет најверојатно ќе добие големо засилување меѓу стативите за пролетниот дел од сезоната. Голманот Јане Цвеетковски, кој немаше клуб во првиот дел од сезоната, но тренираше со овој тим, би требало да се врати во матичниот клуб.

Тренерот Никола Матлиески ќе има одлична голманска двојка во Петар Ангелов и Јане Цветковски, а ангажманот на Цветковски е јасен знак дека Пролет ќе влезе со големи амбиции во разигрувањето за титулата.

Цветковски до 2014 година беше член на Пролет, потоа беше дел од словачкиот АГРО Тополчани, босанската Босна Сарајево, шведските Хелсинборг и Иштад, германскиот Вецлар, како и унгарскиот Егер.

Тој е поранешен кадетски и младински репрезентативец на Македонија, а додека беше селектор Раул Гонзалес, се најде и на поширокиот список на сениорската селекција. Пролет утре започнува со официјалните натпревари и ќе се соочи со Борец во Купот на Македонија.