Пролет прекина со тренинзи: Седете дома, чувајте се…

Тимот на Пролет донесе одлука за прекин на тренажниот процес на првата екипа и сите младински тимови се до завршувањето на кризните мерки што се препорачани од Владаста на Република Македонија против ширење на коронавирусот.

„Како општествено одговорен клуб, донесовме одлука стручниот штаб и ракометарите да се распуштат на неодредено време, при што им се дадени совети и препораки за минимизирање на ризикот од Ковид-19. „Принудниот одмор“ ќе трае се до наредната одлука, која како клуб ќе ја донесеме откако ќе се добие официјална информација дали и кога ќе може да продолжи домашното првенство во ракомет. Останете дома, чувајте се и внимавајте на себе и на другите, тоа е единствениот начин да излеземе од ова заедно како победници.“ се вели во објавата на сајтот на Пролет.

РФМ ги суспендираше сите конкуренции од минатата недела, а од машката Суперлига требаше да се доигра последното коло од регуларниот дел пред да стартува и разигрувањето за титулата.