Пролет загуби на првата контрола со швајцарски Базел

Ракометарите на Пролет претрпеа пораз од 35-31 на првиот натпревар против швајцарскиот прволигаш Базел што се играше во Врање.

Ова беше прва контрола за Пролет летово, тренерот Алексо Лембанов им даде шанса на сите ракометари да покажат што знаат и умеат.

Првото полувреме мина во израмнета игра во која двата тима се менуваа во водство. Пролет имаше најубедливи плус три во периодот кога голманот Петковски влезе во серија на добри одбрани, но Базел успеа да се врати и да го свррти резултатот во своја полза, на одмор заминувајќи со минимално водство од 15-16.

Двајцата тренери ги изротираа екипите во вторите 30 минути од мечот, при што подобро се снајдоа Швајцарците, кои го добија мечот.

Вториот натпревар меѓу Пролет и Базел на програмата е утре од 14:00 часот.