Проектил на Радовиќ кој ја замолкна публиката на Татабања (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај Татабања со 25:21 без неколку клучни играчи и се одалечи од првата позиција на табелата во групата Д од Лигата на Европа.

Црногоскиот интернационалец во дресот на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ постигна фантастичен погодок во моментите кога се одлучуваше победникот.

Битолскиот тим немаше идеја во нападот и веќе мораше да се шутира, а одговорноста ја презема Радовиќ кој од невообичаена позиција за него, од десен бек во паѓање испрати неодбранлив удар и постигна прекрасен погодок.

Проектилот на Радовиќ погледнете го во видеото во продолжение…