Нови суперлигашки возбудувања – Алкалоид оди во Битола, Пролет на мегдан на Бутел

По големото дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер и целата прашина што се крена околу овој натпревар, утре продолжуваат суперлигашките возбудувања со вонредното 6 коло.

Вардарци ги очекува домашен дуел со незгодниот Тиквеш, а шампионот ќе бара продолжување на победничката серија, додека Еурофарм Пелистер рехабилитација за дерби поразот ќе бара против Охрид, кој загуби кај Пролет.

Бутел Скопје и Пролет ќе го играат дербито на колото, иако гостите се ослабени и немаат големи амбиции сезонава. Алкалоид вторпат оди сезонава во Битола, овојпат на гости кај Еурофарм Пелистер 2.

Струга има шанса дома против Радовиш да се врати во игра за повисоките позиции во плеј-аутот против триумфот во Неготино, додека неготинци дома ќе бараат рехабилитација против Јуниор.

Куманово, кој досега има пет од пет ќе гостува во Прилеп, додека градско дерби ќе играат Скопје и Голден Арт.

Суперлига, 6 коло, плеј-оф-аут, распоред:

29.мар 15:00 Еурофарм Пелистер 2 – Алкалоид
29.мар 16:00 Вардар – Тиквеш
29.мар 17:00 Скопје – Голден Арт
29.мар 18:00 Бутел Скопје – Пролет
29.мар 18:30 Струга – Радовиш
29.мар 20:00 Прилеп – Куманово
30.мар 17:30 Еурофарм Пелистер – Охрид
30.мар 18:30 Вардар Неготино – Јуниор КВ