Проблеми за Полска – Без Гебала на ЕП во јануари

Репрезентативецот на Полска и член на Келце, Томаш Гебала, поради проблеми со левото колено ќе го пропушти Европското првенство во Унгарија и Словачка и нема да може да им помогне на своите колеги кои најавуваат атак на висока позиција на шампионатот.

26-годишниот ракометар кој игра на позицијата лев бек ќе мора да направи артроскопија на левото колено. Операцијата на Гебала е закажана за декември.

Тоа значи дека ракометарот на Келце ќе го пропушти големиот европски настан, односно Европското првенство кое ќе се одржи во јануари, а домаќини ќе бидат Унгарија и Словачка.

Репрезентацијата на Полска за противници на Европското првенство ги има репрезентациите на Белорусија, Австрија и Германија во рамките од Групата Д.