Проблеми за Кил: Дувњак еден месец надвор од терените!

Германскиот Кил, лидерот на табелата во групата Б од Лигата на шампионите, во следниот месец ќе биде без услугите на еден од главните ракометари.

Станува збор за средниот бек Домагој Дувњак, кој ја повреди задната ложа на натпреварот против Хановер од Бундес лигата.

31-годишниот хрватски репрезентативец во обид да спречи контра напад на гостите ја заработи повредата, а по лекарските прегледи му е предвидена пауза од еден месец.

Кил до крајот на годината го очекуваат уште натпреварите против Мотор Запорожје и Монпелје на домашен терен, па ќе има можност да се зацврсти на лидерската позиција.